Јавното претпријатие „Македонија Пат“ информира дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај село Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот.
Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи.
На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.