Во судир меѓу автобус и камион кај светиниколското село Мамутчево се повредени дваесетмина. Сите биле прегледани во болницата во Велес.
Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување.
Сообраќајот на патот Велес – Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13,20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.