Сообраќајни училишни единици кинисаа од ОУ,, Лирија ”

152

Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје- канцеларија за развој на полицијата” денеска во ОУ,, Лирија ” отпочна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“. Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во соообраќајот, особено на учениците во основните училишта, информираат од полицијата.

Во рамките на овој проект е формирана училишна сообраќајна единица, во која членуваат 20 ученици. Обучените членови на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе ги демонстрираат стекнатите знаења и вештини за обезбедување премин на ученици, спроведување сообраќајно- воспитни активности и манифестации и укажување на грешките на учесниците во сообраќајот на повеќе сообраќајници во непосредна близина на своето основно училиште на подрачјето на општина Чаир.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...