Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот Гостивар -Кичево кај село Цераво, поради што сообраќајот тешко се одвива, соопшти Авто мото сојузот (АМСМ)
СВР Тетово соопшти дека утрово во 9.30 часот во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сѐ уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки.
Извесновремено и патниот правец кон Стража беше во застој, а од пред еден час полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци.