Сообраќајка меѓу трактор и „фолксфаген голф“ на патот Гостивар – Градец, еден тешко повреден

48
Фото: МВР

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа во која учествувале патничко
моторно возило „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки,
управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со
приколка, што го управувал И.Р.(56) од село Боговиње, тетовско. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 17.20 часот на регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на
лекарска помош – велат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...