Сообраќајна незгода се случи утрово во Кавадарци, на раскрсница во строгиот центар на градот. Информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој рече дека во моментов трае увидот на лице место и засега не можеше да каже повеќе детали.
Од Итната медицинска помош ни рекоа дека повредениот возач на моторцикл бил пренесен во кавадаречката болница.
Од болницата пак, ни кажаа дека тој се здобил со набиеници во градниот кош.