Најстудено изутрина е во Берово, каде во седум часот се измерени – 6 степени, по што следат Струмица и Демир Капија со -3, Штип и Битола со -2. Во Скопје Зајчев рид, Ттеово и Куманово -1, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.