Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до 10, а дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.