Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.
Минималната температура ќе се движи од минус четири до три степени, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.
До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од минус пет до четири степени, а максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени.
Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до шест степени, а максимална од шест до 14 степени.