Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи

123

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во следните три дена  времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...