Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и максимална дневна температура до 33 степени.
Од утре продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или помалку под просечните за овој период од годината.