Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде седум.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од сверен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. Утре времето ќе биде нестабилно на повеќе места.