Сончево, попладне дожд

219

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде осум.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност,  а попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

Во текот на целиот ден утре ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...