Сончево и топло со температура до 32 степени

121

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...