Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и рано попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, дневната од 23 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен дожд. Утринската ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 29 степени.