До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината.
Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата.
Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.