Времето во земјава преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Најниска температура од -4 степени целзиусови утринава беше измерена во Берово, 0 во Крива Паланка и Лазарополе, 1 во Маврово, Крушево и Гевгелија, 2 во Скопје – Петровец, 3 во Тетово и Демир Капија, 4 во Струмица, Охрид, Претор, Битола и Дојран, 5 во Прилеп, 6 во Штип и Виница, а 7 во Скопје – Зајчев Рид.
Времето денескаќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, попладне повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне 19 степени.