Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.