Сончево време денеска, викендов дожд

84

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 16, а дневната ќе се искачи до 33-тиот степен.

Сончево и топло време ќе биде и во следните денови, а за време на викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се најавува за во понеделник кога во поголем дел од државата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за десеттина степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...