Сонцето полека ќе пробива низ облаците

321

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 11 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...