Добивката на лото е чест сон на „обичните смртници“ како решение на сите животни проблеми, а во целата приказна некои броеви навистина почесто се извлекуваат со што може да се зголемат шансите за освојување.
Лоша вест е дека вашите шанси да освоите голем износ на лотарија се прилично мали. Всушност, поверојатно е дека ќе ве удри гром или дека ќе ви падне нешто на глава додека шетате.
Од друга страна, добра вест е, барем судејќи според големата британска анализа, дека некои броеви се навистина „посреќни“ од другите, односно статистички значително почесто се извлекуваат во добитни.
Среќен и несреќен број
Имено, како докажано најсреќен број истражувачите го издвоиле бројот 16. Подеднакво така, го набљудувале и бројот кој најмалку пати бил извлечен откако трае студијата (околу една година) и утврдиле дека по тој критериум, најнесреќен број е 18, пишува „Њујорк пост“. Предвид биле земени резултатите од извлекувањата од целиот свет, а направиле листа на најчести и најмалку извлечени броеви.
Најсреќни броеви
- 16
- 22
- 28
- 37
- 6
- 3
Најнесреќни броеви
- 18
- 46
- 40
- 41
- 32
- 36
Лотаријата сепак не значи среќа
Истражувањата покажуваат дека освојувањето лотарија не значи дека долгорочно ќе се подобри квалитетот на животот.
Според истражување на „Форбс“, дури една третина од добитниците на лотарија банкротирале, а многу повеќе од нив страдаат од депресија, се разведуваат или дури и се самоубиваат.