Сонував дека имам тумор и бев во право, актерот ја победил страшната болест

Кога го снимал филмот „The Last Castle“ рамо до рамо со Роберт Ретфорд, открил дека има тумор на мозокот.

3181

Холивудскиот актер Марк Руфало, кого сите го знаеме како храбриот Хулк од франшизата „Одмазници“ отворено проговорил за големата борба со страшната болест што ја имал пред неколку години.

Кога го снимал филмот „The Last Castle“ рамо до рамо со Роберт Ретфорд, открил дека има тумор на мозокот.

– Тоа беше нешто многу важно за мене. Бев тука со еден од моите херои РОберт Редфрод со кого шетав и разговарав. Тоа беше остварување на мојот најлуд сон. И тогаш дознав дека имам тумор на мозокот – рекол Марк.

Актерот тоа го дознал на невообичаен нечин. Имено, тој сонувал дека има тумор на мозокот и решил да оди на преглед. Кога му била била направена КТ, лекарите му рекле дека има акустичен невром, тумор со големина на орев кој се наоѓа зад неговото лево уво.

Туморот можел да се оперира, но постоел 30 отсто ризик дека тој со тоа ќе ја изгуби можноста да ја контролира левата страна на лицето. Сето тоа се случувало во моментот кога неговата сопруга била бремена со нивното прво дете. Со оглед на околностите, одлучил оваа информација да ја задржи за себе.

– Никому не кажа за болеста со недели. Кога конечно соопшти јас бев затекната и го прашав како успеал сето тоа да го поднесе сам – рекла неговата мајка. Една недела по раѓањето на детето тој му ја соопштил оваа вест на семејството.

– Бев убеден дека ќе умрам – рекол тој во едно интервју тогаш. Иако операцијата била успешна, а туморот бениген, дошло до тоа левата страна на лицето да му биде речиси парализирана. Актерот потоа се повлекол и мислел дека сето тоа е последица на неговата кариера. Се борел со сите сили да дојде до таму каде што бил. Се соочил со дислексија и нарушување на вниманието.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...