Сомнителна пратка вчера пристигнала во британската амбасада во Скопје

Во пратката имало бел плик, во кој имало две епрувети, кои биле дадени на вештачење.

716

Британската амбасада во Скопје вчера во 14 часот во полициската станица за надворешно физичко обезбедување – Скопје, пријавила дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.

„При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката имало бел плик, во кој имало две епрувети, кои биле дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...