На виенскиот аеродром Швехат денеска почнаа да се применуваат мерките за мерење на температура кај патниците, а пред почетокот на примената регистриран е сомнеж за инфекција со коронавирус.
Со авион на „Финер“ од Хелсинки синоќа допатувал патник за кој постои сомнеж дека е заразен со коронавирус.
Кај патникот биле утврдени можни симптоми на болеста и тој бил пренесен во најблиската болница за понатамошна анализа и лекување.
Случајот е откриен пред воведувањето на мерките за мерење на температура кај патниците.
На виенскиот аеродром Швехат првото мерење се случи околу пладне.
Новата мерка се однесува само на директните летови од Кина.
Директниот лет од Пекинг требало да слета околу шест часот наутро, но доцнел шест часа, така што првите мерења биле направени напладне.
Температурата се мери кај патниците на три лета неделно затоа што станува збор само за летовите на Ер Кина од Пекинг, изјави директорот на аеродромот Гинтер Офнер.
Станува збор за околу 400 патници неделно, што, додаде тој, е мал дел од вкупниот број на патници од околу 250.000 кои неделно минуваат низ аеродромот во Виена.