Солскјер: Требаше да водиме 2:0 уште во петтата минута

291
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, даде свое видување за денешниот дуел со Саутемптон кој заврши 3:2 со гол за победа постигнат во самиот финиш.

– Имавме повеќе карактер и верба во квалитетите. Нас не ни фалеше класа. Моравме да водиме со 2:0 веќе по пет минути. Како и да е, на крајот освоивме три бода и сме сречни поради тоа – изјави Солскјер.

Тој додаде дека противникот постигнал два погодока по неверојатни удари и на тој начин предизвикот за неговите избраници бил голем.

– Тоа беше сериозен предизвик. Сега имаме три бода повеќе од Тотенхем. Остануваат уште девет натпревари до крајот. Решив дека додека сум тренер тука, да уживам во секоја секунда – нагласи Солскјер.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...