Солскјер: ПСЖ нè врати во реалноста

209
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, синоќа го забележа првиот пораз (0:2) по доаѓањето на „Олд Трафорд“. Подобри од „црвените Ѓаволи“ беа фудбалерите на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Може да се каже дека во последно време имавме неколку натпревари на ова ниво. Сè уште има многу работа пред нас. Но, не можеме да кажеме дека сè е веќе готово. Ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра, но денес имавме враќање во реалниот свет, изјави Норвежанецот.

Реваншот е закажан за 6. март во Париз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...