Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги коментираше информациите за можниот трансфер на играчот од средниот ред Пол Погба во Реал.
– Пол е среќен во Манчестер јунајтед. Тој игра добро. Да, слушнав разговори за време на паузата за натпреварите на националните тимови. Но, ова е модерен проблем, играчите секогаш се достапни за новинарите – изјави Солскјер.
Норвежанецот појасни дека Погба на општо прашање, одговорил дека секој би бил среќен да игра за Реал Мадрид и дека не говорел за себе.
Во тековната сезона, Погба одигра 38 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA