Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за јануари.
Норвежанецот доби најмногу гласови во конкуренција на Шон Дајч од Барнли и Ралф Хазенхјутл од Саутемптон.
Манчестер јунајтед постигна три победи во јануари и еднаш одигра нерешено. „Црвените ѓаволи“ се петти на табелата со 48 бода по 25 кола.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA