Солскјер: Марсијал ќе продолжи да напредува

236
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е уверен во напредокот на напаѓачот Ентони Марсијал. Оваа сезона Французинот постигна два гола на два натпревари.

– Марсијал е човек кој сака да учи, да напредува и да постигнува повеќе голови. Тој има два гола во првите две кола, но тој ќе продолжи да напредува – рече Солскјер.

Шанса за трет погодок во новата сезона Марсијал ќе има в сабота кога Манчестер јунајтед ќе го пречека Кристал палас во рамките на 3. коло од Премиер лигата.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...