Солскјер: Го подготвувам Манчестер Јунајтед и за следната сезона

258
ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, одржа традиционална прес конференција пред средбата со Барнли од 24-тиот круг на Премиер лигата. „Црвените Ѓаволи“ се во серија од осум последователни победи под водство на Норвежанецот и секако ќе се обидат да продолжат со оваа серија. Од своја страна Барнли е едвај на 16-то место на табелата, но немаат пораз во последните четири средби во Премиер лигата, откако запишаа три победи и едно реми.

– Знаеме дека ќе се соочиме со тим кој излегува во секој натпревар за трите бода. Тие ќе ни создадат различни проблеми, на пример нивното физичко присуство и тоа дека излегуваат со двајца играчи на врвот на нападот. Против Арсенал изгледаа добро во дефанзивен план, се бранат одлично пред шеснаесетникот, а тоа ќе биде важно против Барнли – прокоментира накратко Солскјер за утрешниот противник.

Фокусот на прес-конференцијата беше исто така и на трансфер прозорецот, кој се затвора во средината на неделата.

– Мислам дека никој нема да си замине. Не сум многу вклучен во овој тип на преговори, но досега не направивме зделки. Има уште неколку дена и ќе видиме што ќе се случи, но засега сите остануваат. Сакам играчите да останат, Андреас Переира се справи брилијантно во тренинзите и сметам дека ќе земе учество во неколку натпревари до крајот на сезоната, изјави Норвежанецот.

Солскјер додаде и дека уште отсега ја планира следната сезона за Манчестер Јунајтед без разлика дали тој ќе биде на чело на тимот или не, а дел од работата е постепеното да вградува дел од младите таленти од резервите во првиот тим. Тој рече дека Мејсон Гринвуд, Таити Чонг и Итан Хамилтон можеби ќе бидат вмешани во некои натпревари кон крајот на сезоната.

– Јас сум тука за да го подготвам тимот и за следната сезона, безразлика дали ќе останам или не. Чекорот од тимот до 18 години и сениорскиот е доста тежок за младите играчи. Тие се доста нетрпеливи. Но понекогаш можеш да ги видиш Џеси Лингард и Маркус Рашфорд како се поврзуваат со Мејсон (Гринвуд), Чонги (Таити Чонг), што претставува вистинско задоволство, заврши менаџерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...