Американската полиција употребила солзавец од страната на Мексико на границата во Тихуана, во обид да ги спречи мигрантите да ја поминат граничната ограда.
Дим од солзавецот ги зафатил мигрантите, меѓу кои и жени и деца, како и новинари кои се наоѓале недалеку од местото на инцидентот, пренесува „Курир.рс“.
Мигрантите рекле за АП дека на границата отишле со караван со мигранти од Хондурас.
Американската агенција за царини и граници изјавила дека солзавецот бил употребен поради мигранти кои фрлале камења и ги спречувале нивните агенти да им помогнат на деца, кои се префрлувале преку бодликавата жица.
Најмалку 25 мигранти се уапсени, додале од агенцијата.
ФОТО: Архива