Тренерот на Реал Мадрид Сантијаго Солари го потврди составот за Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати, што ќе се одржи подоцна во текот на месецот.
Сезоната на „белите“ до сега е многу тешка, а турнирот во ОАЕ е шанса за тренерот да стигне до својот прв трофеј.
Под раководство на Солари резултатите дефинитивно се подобрија, но со оглед на петтото место на табелата, Светското клупско може да се покаже и најдобрата шанса за трофеј во сезоната.
Восоставопт има некои изненадувања. Меѓу изборите на Солари се Начо и Каземиро, кои се уште имаат повреди. Од друга страна, надвор од тимот е младиот бранител Хесус Ваљехо.
Реал ќе се обиде да ја освои титулата по четврти пат во историјата, а во првиот натпревар ќе се сретне со Гвадалахара или Кашима Антлерс.
Составот на Реал Мадрид за Светското клупско првенство:
Голмани: Тибо Куртоа, Кејлор Навас, Кико Касиља
Одбрана: Дани Карвахал, Алваро Одриосола, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Начо Фернандез, Марсело, Серхио Регилон
Среден ред: Каземиро, Маркос Љоренте, Тони Крос, Лука Модриќ, Иско, Марко Асенсио, Дани Себаљос, Феде Валверде
Напад: Карим Бензема, Герет Бејл, Маријано, Лукас Васкез, Виничиус Жуниор.