Соиграчот на Пандев, Кришито: Бев на надвозникот 10 минути пред да се урне

730

Меѓу луѓето кои го поминале неколку минути пред уривањето надвозникот „Понте Моранди“ е и согирачот на Горан Пандев Доменико Кришито. Тој го  минал надвозникот 10 минути пред да се урне.

Кришито тоа го напиша и на Инстаграм.

„Ја пишувам оваа порака за сите оние кои ми пишуваат, загрижени за мене и за моето семејство. Сите сме добро, иако го поминавме мостот точно 10 минути пред да се урне. Моите мисли се со семејствата на жртвите.

Не е можно еден мост на автопат да се урне туку така – НЕ Е МОЖНО!

Мора да се направи нешто во оваа земја, луѓето си заминуваат поради работи како оваа. Ни треба безбедност, ни треба некој да преземе нешто, ова е одвратно“, напиша Кришито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...