„Совет на амбасадори“: Кампањата за избори е почната, веднаш да престане

123

Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори” смета дека прерано е започната кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април 2020 година и апелира без натамошно одложување таа да престане.

Одржувањето секојдневни митинзи и говори на лидерите на политичките партии во овој период, може да придонесе кон зголемување на политичката конфронтација во општеството и дополнително да ги продлабочи општествените поделби.

„Оттаму Советот на амбасадори смета дека партиите треба да престанат со одржувањето митинзи и говори се до официјалниот почеток на изборната кампања, во март следната година. Политичките партии и лидери треба својата енергија во овој период да ја насочат кон спроведување на потребните реформи за осварување на стратешките цели на земјата, како што се членството во НАТО и добивањето датум за започнување преговори за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението од Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори”.

Советот на амбасадори смета дека е време ефективно да се искористи подршката од САД и одземјите-членки на ЕУ за интензивирање на реформите и соработката со соседите, со цел веднаш подобивањето датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ да се затвораат поглавјата со што побрза динамика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...