Советот на Општината Карпош ќе даде парична помош за граѓани

188

Советниците од Советот на Општина Карпош, на денешната 14-та по ред седница ги одобрија предлог-одлуките за  определување на финансиска помош на Драган Апостоловски и на Снежана Караџовска.

„На  седницата, исто така, беше одобрена и одлуката за давање на согласност за ослободување од плаќање административна такса за правните лица при донесување на барање за потпишување на меморандум за соработка и за физичките лица при аплицирање за добивање на картичката „Мој Карпош- моја картичка“, информира општината.

Членовите на Советот ја изгласаа и Предлог-одлуката за одобрување  финансиска поддршка за спортско-рекреативни и здравствени проекти за  физички и правни лица од Општина Карпош, како и Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2018 година.

На седницата, се изгласа и  Предлог – одлуката за понишување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за закуп на паркинг места од „Веропулос Дооел Скопје- Веро 2“, У.З „Владо Тасевски“, за корисници – жители на Општина Карпош од станбената зграда на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 74.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...