Советот на обвинители се очекува да потврди дека Јанева работела несовесно и незаконски

325

Претседателот на Собранието Талат Џафери по завршувањето на 112. седница на која беше разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го доставил предлогот за разрешување до Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители се очекува вечерва или најдоцна утре да се состане и да го констатира разрешувањето на Јанева.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, истекува утре, 15 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...