Советот на амбасадори жали за пропуштената шанса за датум

164

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори, како што вели, со големо разочарување ја примило одлуката на Европскиот совет на Република Северна Македонија да не ѝ се додели датум за почнување на преговорите за зачленување во Европската Унија и покрај исполнувањето на скоро сите критериуми поставени од Европската комисија уште минатата година, како и големиот придонес што го дала земјава за зајакнување на добрососедските односи со потпишувањето на Договорот од Преспа и билатералниот договор со Република Бугарија.

Советот на Амбасадори жали што потребата за подобрување на внатрешната ефикасност и функционалност на Унијата овој пат била клучен услов Европскиот совет привремено да ги одложи нашите амбиции и стремежи за започнување на пристапните преговори за членство во Унијата, со што земјите членки ќе се увериле во нашата способност и нашите капацитети преку исполнување на сите европски стандарди и критериуми да станеме полноправна членка на ова големо просперитетно семејство.

Здружението Советот на амбасадори е свесен и убеден дека патот кон евроинтеграциските процеси е тежок и долг и затоа ги повикува сите институции и органи на државата да истраат кон тој пат преку вложување големи напори како при усвојување на потребната реформска легислатива, рамна на стандардите на ЕУ, така и при успешното имплементирање во пракса на тие истите.

„Раздолжувањето на времето на започнување на преговорите под услов успешно да се искористува моментумот да се продлабочат реформите во сите сегменти на успешното функционирање на институциите на државата, може да донесе ускратување на нашето време на чекање пред вратите на ЕУ и само на тој начин ќе успееме да бидеме дел од семејството на развиени земји, како што е Унијата“, се наведува во соопштението од Советот на амбасадори.

Советот ја споделува определбата и убедувањето на граѓаните и на политичките партии на Република Северна Македонија дека единствениот пат кој во иднина треба да ја зачекори земјата останува патот на евроинтеграциите имајќи предвид фактот дека наскоро земјата ќе биде 30 членка на НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...