Советот за етика во медиумите на Македонија ,на својата седница оддржана на 21 мај 2018 година го осуди Сашо Иваноски и порталот Мактел.Мк дека грубо го прекршил Кодексот на новинарите за професионално и етично информирање, a медиумот го злоупотребил за лична пресметка со колега.
Порталот Мактел на сопственикот Саше Ивановски, неодамна објави фотографии од ќерките на сопственикот на порталот Охрид скај, Сашо Денесовски, како и текст во кој тврди дека таткото „ги рентал“ сопствените ќерки во охридските хотели.
Во допис до медиумите, до Здружението на новинарите на Македонија и до Советот на етита во медиумите на Македонија, Денесовски сведочеше дека во раните утрински часови на 17.05.2018 година, сопственикот на Мактел, Саше Иваноски, во два телефонски повици кон него, упатил закани дека доколку не му даде 5.000 евра, ќе објавел стории за него. Денесовски вели дека добил и СМС порака испратена од телефонот на Иваноски, во која навел: „ШОКАНТНО Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.
Откако не успеала изнудата, на Мактел осамнала шокантната лажна вест. Денесовски во 2 часот по полноќ настанот го пријавил во полиција и тврди дека Ивановски извршил стек од Кривични дела по член 258 став 1,2,3,4 Кривично дело изнуда, како и Кривично дело Уцена по член 259 став 1, а во врска со став 2 од КЗ на Република Македонија. Во полиција Денесовски доставил докази, телефонски повици и СМС пораки, како и печатени материјали од објавата на Иваноски, на порталот Мактел.