Советник во Општина Гази Баба кој е обвинет во случајот со насилството во Општина Центар, не дојде на судењето бидејќи имал седница во општината, за што го известил и судот.
Обвинителката Фатиме Фетаи бараше да го приведат бидејќи, според неа, отсуството не е оправдано и има за цел да се одолговлекува судењето. На ова се противеше одбраната, а судот го одложи рочиштето за 29 октомври.
На денешното рочиште се појави и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој требаше да сведочи.
На судењето се појавија и обвинетите Никола Груевски и Даниела Рангелова, кои се актуелни пратеници.