Советник на Тачи: Србија веќе го има признаено Косово

331

Ардиан Арифај, советник на косовскиот претседател, Хашим Тачи, порача дека целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија подразбира взаемно признавање, кое, според него, „молкум веќе постои и само треба да се формализира“.

Овој став, како што јави дописникот на МИА од Приштина, Арифај го изнесе синоќа, во интервју за програма на српски јазик на косовската државна телевизија, РТК2.

– Решение е нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, помирување и взаемно признавање, изјави Арифај.

Според советникот на Тачи, тивкото признавање на Косово од страна на Србија веќе е остварено, така што „дијалогот се прави за ‘де јуре’ и ‘де факто’ признавање на независноста на Косово од страна на Србија“.

– Се разбира, потребно е и признавањето на српската држава од страна на Косово, во формална смисла, рече Арифи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...