Собрани 27,3 милиони евра од донации оваа година во Србија

157

Во Србија оваа година се собрани 27,3 милиони евра од разни донации – од граѓани, компании и дијаспора, наменети за институции, организации и поединци. Тоа го изјави претставникот на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Јелена Аврамовиќ по повод завршувањето на фестивалот на филантропијата.

– Сметаме дека може повеќе и подобро и дека голем дел од она што се случува не се гледа. Во Србија, многу луѓе си помагаат едни на други – изјави таа синоќа за Танјуг.

Аврамовиќ потсети дека филантропија не значи само давање пари.

– Филантропија е и кога луѓето помагаат едни на други, тоа е волонтирање и кога приватниот сектор е вклучен за да им помогне на заедницата во која работи, сите тие се форми на филантропијата што сакаме да ги поттикнеме – рече Аврамовиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...