Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог – законите за изменување и дополнување на законите за студентскиот стандард, за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, за здравствената заштита и за заштита на културното наследство, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за култура ќе расправаат по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во второ читање.