Собраниската комисија го „испрати“ Димовски во притвор

Според СПМ, партија чии кадри се двајцата поранешни министри за земјоделство и еден пратеник, притворањето на поранешните министри е нарачан и политички мотивиран процес.

617

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за“ и четири „против“ барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Невозможно министер постојано и самостојно да следи наплата на закупнина на илјадници договори, да поднесува писмени опомени, и писмено да ги известува земјоделците за едностраното раскинување на договорот за закуп, велат од Социјалистичката партија.

Според СПМ, партија чии кадри се двајцата поранешни министри за земјоделство и еден пратеник, притворањето на поранешните министри е нарачан и политички мотивиран процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...