Собраниската делегација доцна стигна на потпишувањето

Причината за нивното доцнење биле протестите во Грција поради што полицијата ги упатила да дојдат од друг правец. Иако владините делегации на двете земји заминаа за Македонија, тие ќе останат во Грција каде ќе имаат заеднички ручек со нивните грчки колеги.

1076

Група од 30 пратеници пристигнаа во Грција ма потпишување на договорот дури откако тој беше потпишан, а македонската и грчката владина делегација како и претставниците на ОН и ЕУ со глисери заминаа за Отешево, Македонија, каде ќе имаат билатерални средби.

Нивното доцнење го забележаа дел од новинарските екипи кои одејќи накај автобусот со кој требаше да тргнат назад се разминаа со пратениците од владејачкото мнозинство.

Причината за нивното доцнење биле протестите во Грција поради што полицијата ги упатила да дојдат од друг правец. Иако владините делегации на двете земји заминаа за Македонија, тие ќе останат во Грција каде ќе имаат заеднички ручек со нивните грчки колеги.

Поради протестите и автобусот со новинари од Македонија не можеше да се врати назад по истиот пат. Поради протестите вриеше од полиција, а патиштата беа блокирани, па новинарските екипи кружеа плус 200 километри за да стигнат до граничниот премин Меџитлија.

Македонските пратеници што присуствуваа на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, во Псарадес остварија средба со нивни грчки колеги од владејачката СИРИЗА.

За време на средбата, пратениците се согласиле да останат во контакт и да разгледаат во кои области може да има соработка меѓу двете земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...