Собранието ќе ја прифати оставката на Груевски, но и на Богоевски

475
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Оставката на екс премиерот Никола Груевски ќе биде констатирана на денешната седница, а по тоа ќе биде прифатена и оставката на пратеникот Павле Богоевски.

До пред почетокот на седницата тлееше дилемата дали претседателот Талат Џафери ќе ја стави оставката на Груевски, која тој ја поднесе на унгарски јазик, на дневен ред.

Богоевски, пак, најави оставка по скандалот со снимката во која наводно нарачува масло од канабис. Се очекува тој денеска да ја образложи оставката.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...