Институците преку соработка со граѓанските организации ќе ја подобруваат транспарентноста, отчетноста и отвореноста, кои се дел од заложбите со четвртиот акциски план за отворено владино партнерство, што треба да биде усвоен следниот месец од Владата.
На вториот јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“, беа претставени предлог заложбите со кои Министерството за информатичко општество и администрација ги продолжува активностите за отворено владино партнерство согласно глобалната иницијатива кон која Македонија се приклучи од 2011 година.
Кон иницијативата се приклучи и Собранието, а според генералниот секретар Цветанка Иванова, се преземаат низа активности законодавниот дом да стане многу поотворен за сите граѓани.
– Следува измена на собранискиот Деловник каде ќе се зацрта процедура за начинот на кој невладините организации ќе можат да учествуваат во законодавниот и надзорниот процес затоа што сега учеството на невладиниот сектор зависи од добрата волја или инвентивноста на претседателот на матичното работно тело за одредена тема, но тоа не значи транспарентност – рече Иванова.
Според неа, за отвореност и транспарентност на Собранието, се уште има многу да се прави затоа што Парламентот има многу алатки кои не ги користи, а може и да примени алатки за таа намена и од други држави.
Како што појанси заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдовски, четвртот акциски план вклучува широк спектар активности што Владата ќе ги преземе следните две години со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста, ефикасноста и ефективноста. Документот содржи седум приоритетни цели: пристап до информации, интегритет и добро управување, фискална транспарентност, отворени податоци, транспарентност на локално ниво и климатски промени.
Отвореното владино партнерсто, укажа Бајдевски, се фокусира на подобрување на владината транспарентност, отчетност и отвореност кон граѓаните и ги поврзува владите и граѓанското општетсвото во реформите.
– Владите можат да бидат поефикасни само доколку отворат простор за консултации и критики со граѓанскиот сектор, потенцира Бајдевски, потсетувајќи и на неодамна објавените податоци од истражувањето на фондацијата „Метаморфозис“ според кои Владата е на прво место во регионот во однос на транспарентноста во споредба со Албанија, БиХ, Србија и Црна Гора.
Со следењето на принципите на отворено владино партнерство Македонија е дел од глобалната мрежа на 70 држави. Во 2016 година државава ги поврза мерките од акцискиот план за отворено владино партнерство со глобалните развојни цели на ООН.
– Мерките во рамки на заложбата која се заминава со климатските промени се фокусираат на измени и и дополнувања на законската рамка која треба да овозможи поголема одговорност од страна на приватниот сектор како и да се подобри пристапноста и транспарентноста на податоците во врска со насоките за справување со климатските промени – рече Нарине Сахакјан, заменик на постојаната претставничка на УНДП во Македонија.