Собранието ќе врати речиси половина од парите за кампањата

266

По барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот којашто ќе се спроведува од овластениот предлагач на Одлуката за референдум, Владата  алоцираше средства во висина од 80 милиони денари, префрлени на посебната наменска сметка на Собранието којашто ќе се користи исклучиво за спроведување на кампањата за референдум. информираат од Собранието.

– Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената за која се распределени средствата, односно за кампањата којашто ќе биде спроведена од страна на 71 пратеник коишто се изјасниле дека се во коалицијата ЗА референдумот, што претставува 59 отсто од времето за повластено платено рекламирање во медиумите. Информираме дека остатокот од алоцираните финансии за референдумска кампања, односно финансиите наменети за 41 отсто од пратениците коишто во писмото до претседателот на Собранието се изјаснија дека бараат средствата за кампања да се пренаменат за други цели, истите не може да се пренаменат за други цели, односно истите ќе останат неискористени.

Собранието како корисник на средствата, има обврска, по завршувањето на кампањата да изготви извештај за потрошените средства и неискористените финансии ќе бидат веднаш вратени во Буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...