Собранието констатира дека на пратеникот од СДСМ Петар Атанасов му престанува мандатот.
– Бидејќи пратеникот Петар Атанасов беше избран од листа на кандидати потребно е Државната изборна комисија да го извести Собранието за кандидатот од оваа листа на кој треба да му се верифицира мандатот за пратеник согласно член 153 од Изборниот законик – рече претседателот на Собранието Талат Џафери.
Атанасов поднел оставка од функцијата на 23 овој месец и се очекува тој да биде избран за заменик-министер за образование и наука.
Џафери потоа ја прекина седницата и најави дека таа треба да продолжи по 13 часот. Тој повика матичните работни тела да заседаваат.