Собранието на утрешната 65-та пленарна седница ќе решава дали на екс премиерот,а сега пратеник Никола Груевски ќе му го одземе пратеничкиот мандат.
Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат наГруевски е последна точка на е последна точка од новата собраниска седница.
Предлогот вчера со пет гласови „за“ беше усвоен од Комисијата за деловнички и мандатно-иминитетни прашања.
За одземање на мандат на пратеник е потребно двотретинско мнозинство, оттука неизвесно е дали Груевски ќе остане без мандат, бидејќи новата пратеничка група веќе се изјасни дека ќе гласа прортив предлогот.
Фото: МИА