Претседателот на Собранието Талат Џафери ја разреши дилемата и ги закажа седниците за разрешувањето на министерката за труд и седницата за распуштање на Собранието.
За утре во 15 часот е закажана седницата за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд Рашела Мизрахи.
Додека седницата за распуштање на Собранието, Џафери ја закажа за в недел во 12 часот. Пратениците ќе гласаат за предлог одлуката поднесена од пратеникот Талат Џафери.